Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!?
Актерката Ева Лонгорија беше почестена со престижна ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните.
Таа се појави на свеченоста во поодмината бременост, придружувана од нејзината пријателка, некогашна членка на поп-групата „Спајс Грлс“, Викторија Бекам.
Ѕвездата од ТВ сапуницата „Очајни домаќинки“, Лонгорија е скоро пред породување со своето прво дете, со свршеникот Хозе Бастон.
На свеченоста присуствуваа и Фелисити Хафман (уште една „очајна домаќинка“), потоа Рики Мартин, Мелани Грифит и многу други познати личности од шоу бизнисот.