Трогателно видео: Дали ги паметите 160.000 убиени?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА е на голем испит. Правилата велат: забрането е да се мешаат политика и спорт. И поприлично бар досега доследна била УЕФА кога ги казнувала тимовите поради политички пароли. Но се чини дека овојпат тоа нема да оди толку лесно. Бидејќи како ќе објасниш дека ќе санкционираш тим кој потсети на еден од најстрашните случувања во историјата на човештвото.

На правилата на УЕФА им се спротивстави Легија која неколку пати досега била казнувана. Но, ова сега беше сеќавање на 1. август 1944. и почетокот на двомесечното Варшавско востание во кое, велат навивачите на Легија, иако на интернет можат да се пронајдат и потресни податоци, настрадаа 160.000 луѓе.

„Во текот на Варшавското востание, Германците убија 160.000 луѓе. Илјадници од нив беа деца“, пишуваше на големиот транспарент на навивачите на Легија.