Home Актуелно „Трогателно“: Јанева тврди дека со Боки 13 не разговарале за СЈО, туку за модата и љубовта

„Трогателно“: Јанева тврди дека со Боки 13 не разговарале за СЈО, туку за модата и љубовта

Денешното судско рочиште од случајот „Рекет“, на барање од одбраната беше затворено за јавноста во делот од судењето каде Катица Јанева сведочи за доверливи информации за предметот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Претходно, Јанева рече дека со Бојан Јовановски најпрво неколку пати разговарале за гостување во емисиите на ТВ1. Освен официјалните средби, со Бојан развиле и неформално пријателатво и кафе пиење.

„Со Бојан најмногу разговаравме за модата, а зборувавме и за љубовта. Тој ме прашуваше што и како ќе носам во емисиите, а знаеше и да ме критикува за гардеробата“, изјави Јанева.

Имав болки во грбот, рече Јанева, и барав некој мебел, па Бојан ми рече дека имале некоја компензација со продавница за мебел.

„Таа гарнитура е моја. Ја имам платено и за тоа имам од Бојан каса-прими“, рече Јанева.

Нагласи дека со Бојан никогаш не разговарале за работата во СЈО, укажувајќи дека ако имала потреба тоа го правела со обвинителите вл СЈО.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…