Трофејот останува во Мадрид! Реал владее со Европа – Герет Бејл е херојот! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид и трет пат во низа е шампион на Европа!

„Кралевите“ не го даваат европскиот трон, после Атлетико Мадрид, Јувентус минатата година во Карди, вечерва пред гигантот од Мадрид во Киев клекна и Ливерпул!

Избраниците на Зинедин Зидан вечерва го совладаа Ливерпул со 3:1 и така стигнаа до третата титула во низа во Лигата на шампионите, вкупно 13-та!

Клоп добро ги постави коцките, Ливерпул играше одлично, се до 30 минута кога Мохамед Салах по еден дуел со капитенот на Реал Мадрид заработи повреда и го напушти натпреварот. На негово место во игра влезе Адам Лалана.

Во тој момент Ливерпул како да се откажа, Реал ја превзема контролата. Бранителот на трофејот започна да создава шанси, но во првите 45 минути погодок не видовме.

После само шест минути игра во вториот дел Реал Мадрид стигнува до предност и тоа преку неверојатниот кикс на голманот Кариус. Стрелец на голот беше Карим Бензема.

Ливерпул се врати и тоа само четири минути подоцна. По еден изведен корнер, Ловрен шутираше, Мане го смени правецот и го измами Навас за 1:1.

Клучниот момент Зидан од клупата можеби го направи кога во игра го внесе Герет Бејл на местото на Иско во 61 минута.

Веќе во 64 минута Бејл носи предност од 2:1 за Реал и тоа со каков гол! Веројатно најубавиот во финалињата. И во 83 минута повторно Герет Бејл! Овој пат не спектакуларно, Кариус повторно киксираше за 3:1.