Третиот бран на КОВИД-19 ја тресе Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вкупната бројка на пациенти во земјава кои болнички се лекуваат како позитивни или суспектни на коронавирусот изнесува 1577 и има околу 260 празни болнички кревети, додека во Скопје се лекуваат 666 пациенти. Бројот на приеми во изминативе денови во Скопје е зголемен и утрово до 8 часот во ковид центрите имало 80 слободни места, а во изминатите 24 часа се хоспитализрани уште 74 лица, додека се отпуштени 76 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември” имало 20 примени пациенти, а 10 биле примени на Инфективната клиника. Во Козле биле примени уште четири болни лица, а 10 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти. Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 149 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има девет позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 912 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 88 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 147 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 41, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 21, Кавадарци 71, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.