Фрчкоски амбасадор во ОН?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесува порталот 360 Степени, Љубомир Фрчкоски ќе биде шеф на македонската мисија при Организацијата на Обединетите Нации (ООН) во Њујорк.

Откако надлежните институции ја прекинаа постапката за негово назначување за амбасадор на земјава во Соединетите Американски Држави, по кампањата што против него ја поведе Обединета македонска дијаспора (ОМД), заминувањето во Њујорк би било „утешна награда“ за Фрчкоски.

За разлика од процедурата за именување амбасадор во одредена држава, која подразбира добивање агреман (одобрение, согласност од една држава за прифаќање дипломатски претставник од друга држава), за назначување шеф на мисија во мултилатерална меѓународна организација, каква што се Обединетите Нации, не е потребна претходна согласност од организацијата домаќин.

Нема официјална потврда дека Владата веќе ја започнала постапката за именување на Фрчкоски за шеф на Мисијата на Северна Македонија во ООН. За Андреј Жерновски, кој првично се споменуваше како амбасадорски кандидат за Њујорк, наводно се подготвува друга позиција, надвор од дипломатијата.