Траволта открива една грешка која Трантино ја направил во „Once Upon A Time In Hollywood“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудскиот актер Џон Траволта, чија актерска кариера особено доби голем подем и замав после неговата улога во „Pulp Fiction“ од Квентин Тарантино, вели дека најновото филмско остварување на овој култен холивудски режисер има една грешка која може да ја препознае секој пилот (па, не сме сите пилоти бе, друже, за така лесно да ја препознаеме – наш коментар 😀 ).

Одговарајќи на прашања за неговиот последен филм, The Fanatic, Траволта (кој и самиот е лиценциран пилот), вели дека грешката е поврзана со авионот со кој лета Рик Далтон (ДиКаприо).

„Леонардо си оди дома од Италија, или каде и да бил, а нараторот вели дека летал со Боинг 747. Па, 747 својот пробен лет го имаше во февруари, 1969 година, но почна со редовни летови во јануари 1970 година. Промашиле девет месеци! Тој веројатно тогаш би летал со Боинг 707“, им откри Траволта на гледачите.

Филмското дејство е сместено во 1969 година во Лос Анџелес, околу периодот кога озлогласеното семејство на Чарлс Менсон извршија грозоморно убиство на актерската ѕвезда во подем, Шерон Тејт, кое се случи во август истата година.

„Once Upon A Time In Hollywood“ заработи повеќе од 372 милиони долари, а беше снимен со буџет од 90 милиони.