Сведочење во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или 1.000 евра за да помине студентка на Економски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во рамки на денешното судско рочиште за случајот „Еразмус“, сведокот Дејан Трајковиќ сведочеше дека професорот Бобек Шуклев барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.

Трајковиќ, кој од 2012 од 2018 година бил вработен во бифето на Економскиот факултет, посочи дека две студентки, го прашале дали може да им „среди“ за оценка. Сведокот го прашал Шуклев, а тој му рекол да ѝ каже на студентката дека сака да има сексуални односи со неа или таа да плати 1.000 евра. Трајковиќ ѝ пренел и таа одбила да има секс со професорот, но рекла дека ќе плати, пренесува 24.мк.

Откако му било пренесено што одговорила, Шуклев рекол „би сакал да имам секс со неа бидејќи е многу убава, но нека си плати“.

По некое време, двете студентки, од кои, како што опиша сведокот, „едната била бремена, а другата имала црна коса“, повторно го прашале дали има шанси да посредува и за оценка кај други професори.

Демонстраторот Драган Денковски му кажал на Трајковиќ дека може да заврши работа за студенти да добијат оценка кај повеќе професори, меѓу кои Драги Јанев, Славе Ристески, Шуклев и други. Денковски му ги кажал тарифите за плаќање за оценка кај професорите.

Сумите се движеле од 500 до 1000 евра. Двете студентки прифатиле да платат и тие му дале пари и индекси на Трајковиќ за тој да му ги предаде на Денковски.

По некое време сведокот ги видел оценките во индексите на девојките, за кои тие платиле.

Следното рочиште за случајот „Еразмус“ е закажано за 23 декември.