Трансфер на кариерата: Несторовски на чекор до Премиер лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец на Палермо и македонски репрезентативец Илија Несторовски готово сигурно ќе ја напушти Сицилија ова лето, а италијанските медиуми тврдат дека е на чекор до трансфер во Премиер лигата.

Несторовски во својата прва сезона во Серија А блесна во дресот на Палермо, па неговите одлични партии не помина незабележано ширум Европа.

Неколку големи клубови од Италија покажаа инетерс за Македонецот, но најсилен интерес покажа премиерлигашот Евертон.

Клубот од Ливерпул во Несторовски гледа идеална замена за Ромелу Лукаку и веќе стапил во контакт со Палермо за да се информира за цената.

Медиумите во Италија тврдат дека двата клуба се блиску до договор, а тоа со сигурно ќе значи трансфер на кариерата за македонскиот репрезентативец.