Home Спорт Трансфер кој ќе ја промени ракометната карта на светот: Градат моќен тим и го сакаат Лазаров!

Трансфер кој ќе ја промени ракометната карта на светот: Градат моќен тим и го сакаат Лазаров!

Нант не спаѓа во самата елита на европскиот ракомет. Меѓутоа, второпласираната екипа во Франција има големи амбиции и полека гради тим за иднината, а играчот околку кој треба да се гради екипата е нашиот Кире Лазаров.

Тимот најавува дека има големи амбиции, а како главна цел ќе им биде да го доведат капитенот на македонската репрезентација Лазаров. Популарниот Кире е еден од најдобрите стрелци во историјата на ракометот, а тоа го докажа и со 50 постигнати погодоци на неодамна завршеното Светско првенство во Франција.

„Кирил е еден од најдобрите стрелци во историјата. Со 36 години и кариера од 18 сезони во Лигата на шампионите, тој би требало да го донесе потребното искуство во тимот и подобар пласман во елитната европска лига“, изјави претседателот на Нант, Гаел Пелит.

Лазароц е прв ракометар кој постигна 1000 голови во Лигата на шампиони, натпреварување кое го освои во 2015 година, па останува да видиме дали Барселона ќе се согласи да го пушти Македонецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…