Home Шоубизнис Трамп убеден дека пак ќе стане претседател на САД (снимка)

Трамп убеден дека пак ќе стане претседател на САД (снимка)

Додека се подготвува да изведе удар на голф теренот, играчот кој бил покрај Доналд Трамп го претставува како „45 претседател на САД“, додека Трамп на тоа самоуверено одговара „45 и 47 претседател“, пред да замавне со палката и да го удри топчето.

Видеото кое се појави на интернет е потсетник дека поранешниот претседател има намера да се кандидира за претседател во 2024 година.

Истрагите, кои се водат во повеќе судови, разгледуваат сè од потенцијална измама и мешање во изборните резултати, до потенцијалната улога на Трамп во немирите од 6 јануари минатата година, кога загинаа пет лица.

Асошиејтед прес пишува дека популарноста меѓу републиканците му паднала на 71 отсто, во споредба со 78 отсто во септември 2020 година, врз основа на анкетите.

Меѓутоа, нова анкета покажува дека речиси тесно мнозинство републиканци, од 56 отсто, сакаат да го видат како претседателски кандидат на изборите во 2024, додека 44 отсто се против.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …