Трамп не попушта: Се заканува со 20 насто царина за европските автомобили во САД


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упатува економски закани до Европската Унија, предупредувајќи дека ќе ги удри трговците на унијата со 20 отсто даночни давачки, освен ако не се укинат трговските бариери за американските корпорации.

Предупредувањето доаѓа два дена откако американскиот секретар за трговија Вилбур Рос рече дека Белата куќа не донела никаква одлука за тоа дали да се прошират царините што неодамна беа воведени на други европски стоки.

Твитот на американскиот претседател ги повлече надолу акциите на европските производители на автомобили БМВ, Фолксваген, Фиат Крајслер и Мерцедес. Акциите на американските компании за автомобили Форд и Џенерал Моторс, исто така, паднаа по заканата, но оттогаш се вратија на старото ниво.

Царината од 20 проценти е малку пониска од онаа што претседателот на САД вети дека ќе им ја наметне на странските производители на автомобили претходно оваа година. Во мај Белата куќа наводно размислуваше за данок од 25 отсто за автомобилите увезени од Канада, Јапонија, Мексико, Германија и Јужна Кореја.