Home Актуелно Трагедија во Старо Коњарево: Изгореа 50 грла добиток и земјоделска механизација

Трагедија во Старо Коњарево: Изгореа 50 грла добиток и земјоделска механизација

Во пожар кој избувна во село Старо Коњарево, општина Ново Село, изгореа четириесет крави и десет телиња, како и трактор, дрва за огрев и друга земјоделска механизација.

Командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев, информира дека во гаснењето на пожарот учествувале пет противпожарни возила од Струмица и Ново Село со десетина пожарникари.

Пожарот избувнал доцна попладнето и е локализиран на полноќ, а пожарникарите не дозволиле да се прошири кон соседните куќи и објекти.

Во текот на ноќта пожарникари останале на местото на пожарот за да не дојде до повторно разгорување на огнот поради големите количини сено во објектите кои се во близина на изгорените објекти.

Увидни екипи ги испитуваат причините за пожарот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…