Home Спорт Трагедија во Копенхаген: Застрелен дански репрезентативец!

Трагедија во Копенхаген: Застрелен дански репрезентативец!

Данскиот фудбалски репрезентативец Ники Били Нилсен и играч на Лингби, е застрелан во Копенхаген од огнено оружје, пренесуваат медиумите од Данска.

Инцидентот се случил во неговиот дом, а Нилсен бил застрелан во неговото рамо и веднаш бил пренесен во болница. Лекарите го извадиле куршумот и последните информации се дека фудбалерот е во стабилна состојба.

По ваквите случувања, полицијата уапси две лица, односно 23-годишна жена и 30-годишен маж.

Нилсен е некогашен напаѓач на Виљареал, Елче, Рајо Ваљекано, Розенборг, Евијан, Лех, Есбјрег, Паниониос. За репрезентацијата на Данска настапи на три натпревари и постигна еден гол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…