Трагедија во гевгелиско: Во сообраќајна несреќа загина 27-годишен возач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На автопатската делница меѓу Гевгелија и граничен премин Богородица, кај 03 часот утрово, патнички автомобил „Мерцедес“ со гевгелиски регистерски таблици управувано од 27-годишниот М.К. од селото Богородица удрило во металната заштитна ограда.

 Во незгодата на самото место починал М.К.  додека сопатникот во возилото, 26-годишниот М.П. од истото село се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.