Home Спорт Трагедија на релото Дакар: Почина португалски мотоциклист

Трагедија на релото Дакар: Почина португалски мотоциклист

Португалскиот мотоциклист Пауло Гонкалвес почина откако се судри за време на седмата етапа од релито Дакар, потврдија организаторите.

40-годишниот Гонсалвеш се натпреваруваше на своето 13-то Дакар рели со индискиот производител Херо, и беше 46-ти во генерален пласман.

Тој се судри по 276-тиот километар на релито, а откако пристигнал медицинскиот хеликоптер, било утврдено дека имал срцев удар. Тој е првиот натпреварувач кој загинал на релито по Михал Херник во 2015 година.

Во 2009 година, во првото рели во Јужна Америка, тој беше во Топ 10, а најдобар пласман имаше во 2015 година кога го освои второто место.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…