Home Актуелно Топол петок и облачен викенд со дожд

Топол петок и облачен викенд со дожд

И денешниот ден, петок, 4. ноември, во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени.

За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…