Топол петок и најава за заладување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот септемвриски петок во Македонија носи сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во крајните западни подрачја ќе има повремен локален дожд.

Во Скопје, сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец со дневни температури до 32 Целзиусови степена. Маврово 26, Охрид 30, Битола 33. Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 33, Дојран 35.

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Претпладне во западните делови ќе има повремен дожд, а од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 19 до 32 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.