Топол и сончев есенски ден – петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој октомвриски петок во Македонија носи претежно сончево и топло време, со утринска магла по одделни котлини.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 21, Маврово 18, Охрид и Берово 20, Битола и Крива Паланка 22, Кавадарци 24, Дојран 26.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Дневните температури ќе се движат од 18 до 26 Целзиусови степени.

Oд недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста, утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните ќе опаднат за 3-5 степени.