Home Шоубизнис Том Хенкс е ЦАР! Погледнете што правеше на „Златните глобуси“

Том Хенкс е ЦАР! Погледнете што правеше на „Златните глобуси“

Додека поголемиот дел од холивудската елита ги користи своите привилегии за да добијат третман на ѕвезди, Том Хенкс е познат по својата опуштеност и приземност.

Холивудскиот актерски џин со своето однесување импресионираше и на овогодинешното доделување на „Златните глобуси“, кога за време на паузата сам отиде до барот и за своето друштво на масата зеде пијачки кои сам ги однесе на послужавник.

Актерот не освои награда, но што се однесува до интернет публиката, поради овој гест стана главна ѕвезда на вечерта.

„Штотуку посведочив како Том Хенкс отиде до барот нарача четири мартини, а потоа сам ги однесе до масата на послужавник. Официјално: Тој е совршен“, напиша една корисничка на Твитер.

„Том Хенкс штотуку стана најинтересниот човек на светот“, напиша друг твитерџија.

„Причина број 357 да го сакате Том Хенкс. Не само што сам отиде по појачка, туку однесе мартини за цела маса каде што седеше“, додаде трет.

Некои обратија внимание и на реакцијата од Стивен Спилберг кому Хенкс му донесе пијачка. „Не сум сигурна што ми е подраго, Хенкс таков каков што е со своето однесување, или реакцијата на Спилберг“, гласеше друг коментар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…