Home Спорт Тој е ѕвезда на Барса, но заработува „смешни“ пари!

Тој е ѕвезда на Барса, но заработува „смешни“ пари!

Луис Енрике во првата сезона на клупата на Батселона ја освои Лигата на шампиони и шпанското првенство, па немаше простор за критики на негова адреса.

Дури сега кога Барса не пружа партии какви се очекуваат од неа, се појавуваат критичари кои критикуваат се, од лошите игри до слабите договори на поедини играчи. Сепак, најголемите критии доаѓаат поради слабиот напредок во преговорите за продолжување на договорот на Серџи Роберто.

Овој одличен млад универзалец ја игра најдобрата сезона во кариерата и достојно го замени Дани Алвеш на десната бековска позиција, а по потреба игра и во средниот ред. Сето тоа за „скромни“ 20.000 фунти колку што клубот му исплаќа неделно. Тоа е износ поради кој богатите соиграчи му се „смејат“ и се шегуваат на негова сметка.

Па така Серџи Роберто е далеку најслабо платен фудбалер во Барселона, а неговиот договор со клубот има важност до јуни 2019 година. И порано имаше најави дека клупското раководство ќе му понуди нов договор, но сеуште нама конкретни веси по тоа прашање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…