Home Шоубизнис „Дали си сингл?“: Гастон Рамирез проба да ќари типка на Инстаграм – еве како му врати

„Дали си сингл?“: Гастон Рамирез проба да ќари типка на Инстаграм – еве како му врати

Фудбалерите вообичаено важат за типови на мажи кои жените ретко ги одбиваат и кои се еднакво успешни и на љубовен план.

Но, ваквиот стереотип кој кружи меѓу јавноста, а кој ги охрабрува во своите заводнички потези и самите фудбалери, не се потврди како точен во случајот на фудбалерот на Миделсборо, Уругваецот Гастон Рамирез.

Рамирез се обидел да се запознае со една девојка чии фотографии ги видел на Инстраграм и и пишал приватна порака, со цел да се запознаат.

Но, одговорот од типката не бил онаков каков што веројатно очекувал Рамирез. На неговата порака до девојката по име Зои Вилсон: „Дали си сингл“, таа одговорила: „Јас сум, но ти не си“, по што ми пратила и копии од написи за неговиот приватен живот и за сопругата Микаела Дуарте објавени во таблоидите.

6-1-ramirez-zoe1

За работата да биде уште полоша за Рамирез, Вилсон целата нивна преписка ја објавила на својот налог на Твитер.

Инаку, Рамирез не само што е во брак со Дуарте, туку на почетокот на минатата година тие добија и дете.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Миа е внука на српски моќник, има 20 години и е убавица без конкуренција

Ќерката на Горан и Ивана Карик ја плени со својата убавина Миа е внука на српскиот моќник,…