Тоблероне нема повеќе да го има престижниот префикс „швајцарско“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Култните чоколади Тоблероне иако одамна немаат швајцарски газди, и понатаму се произведуваат екслузивно во Швајцарија, па поради тоа уште го имаат предзнакот „швајцарско“ како бренд. Меѓутоа, актуелните газдите планираат да го шират бизнисот и надвор од земјата, а тоа, според швајцарските закони, си има своја цена.

Тоблероне ќе ја изгуби гордата ознака дека е швајцарско чоколадо по одлуката да се отвори нова фабрика за правење на чоколадото во Словачка.

Брендот е настанат во 1908 година во семејната фабрика на фамилијата Тоблер во Берн. Оттогаш, триаголнестото чоколадо чиј облик потсетува на швајцарските Алпи се произведува исклучиво во главниот град на Швајцарија.

Актуелните газди не се толку сентиментални. Се работи за американскиот прехрамбен гигант Монделез кои во Словачка веќе прават Милка чоколади.

Во 120 држави во светот, годишно се јадат околу 7 милијарди чокалади Тоблероне. Компанијата Тоблер со децении беше независна за подоцна да се спои со Сукард по што во 1990 година станаа дел од Крафт Фудс за во 2012 да станат дел од Монделез.