Ливеруп одреди цена: Салах оди на продажба – Реал „маслинка не чека“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мохамед Салах ова лето би можел да го напушти Ливерпул, пренесуваат медиумите на Островот.

Барањата на Мохамед Салах, кој инсистира на 400.000 евра неделна плата со новиот договор се непприфатливи за Ливерпул.

Поради тоа „црвените“ се спремни да го продадат Египќанецот ова лето бидејќи следното лето ќе биде слободен агент.

Премиерлигашот одредил цена од 70 милиони евра, а најсериозен интерес за Салах покажува Реал Мадрид.

„Кралевите“ доколку го продадат Асенсио ова лето ќе се пуштат во офанзива по потписот на Салах.

30-годишниот Египќанец оваа сезона постигна 31 гол и запиша 15 асистенции во 51 настап за Ливерпул.