ТЈ: Роналдо плаче за гол, ќе слави ли Србија?


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Вчера беше елиминирана Германија, а веќе денес не очекуваат нови возбудувања на Мундијалот во Катар. Денес ги добиваме и последните патници во осминафиналето.

Од 16:00 часот ќе се решава ситуацијата во групата Х каде што Португалија веќе го обезбеди пласманот во следната фаза. За втората позиција се борат Гана, Јужна Кореја и Уругвај.

Во најповолна позиција е Гана на која и е доволен и бод од натпреварот со Уругвај за место во осминафиналето, со тоа што Јужна Кореја не треба да ја победи Португалија со повеќе од еден разлика. Со победа Гана сигурно продолжува.

Уругвај ако сака осминафинале мора да слави, меѓутоа ќе гледа што се случува и на натпреварот Португалија и Јужна Кореја каде што за нив најдобро би било Корејците да не победат, ако победат ќе се гледа гол-разликата.

Терминот од 20:00 часот ни носи вистинско дерби. Швајцарија и Србија го играа дербито за место во осминафиналето. На Швајцарците би им одговарало и реми, меѓутоа така Камерун не треба да го победи Бразил ако случајнот Камерунците ги победат „Кариоките“ ќе се гледа гол разликата.

Србија за осминафинале мора да слави со Швајцарија ако сака нокау-фаза, но и Камерун не треба да го победи Бразил. Има опција и да го победи Бразил, во тој случај ќе решава гол-разликата во овој момент Србија е на -2, а Камерун на -1.

Слушнете како „ТЈ“ во своето шоу ги најавува овие натпревари, но и што имаше да каже за Роналдо…