Home Рецепти Тирамису со шумско овошје – без печење!

Тирамису со шумско овошје – без печење!

Која е вашата омилена летна „активност“?

Дозволете да погодиме: одмарање крај базен со сладолед во рака? Ве поддржуваме целосно, бидејќи според сè, температурите секој ден растат, а последно што некој сака е да го мине летниот ден до рерната во кујната. Но, што ако посакате нешто повкусно од класичниот сладолед? Тука стапува на сцена овој фантастичен десерт – тирамису со шумско овошје, кој денес ви го претставуваме. Без печење, брз и лесен, а вкусен до совршенство!

Потребни состојки:

– 20 до 30 пишкоти
– Една ипол шолја слатка павлака
– Една шолја шеќер
– Три четвртини шолја сирење рикота
– Една третина шолја крем сирење
– Една лажица рендана кора од лимон
– Прстофат цимет
– Една ипол лажичка екстракт од ванила
– Четвртина лажичка бадемов екстракт
– Три четвртини шолја џем или желе од малини
– Две шолји јагоди
– Една ипол шолја малини
– Една шолја капини
– Една лажица лимонов сок

Начин на подготовка:

Половина од пишкотите подредете ги рамномерно на дното од четвртаст плех. Во длабока чинија изматете ја слатката павлака со три четвртини од шеќерот додека да добиете воздушеста смеса. Потоа додајте го рикота сирењето, крем сирењето, ренданата кора од лимон, циметот, екстрактот од ванила и бадемов екстракт. Нежно соединете ги состојките со матење додека смесата стане хомогена.

Нанесете половина од кремот врз пишкотите и израмнете со шпатула. Над кремот рамномерно намачкајте го џемот или желето. Врз него ставете го остатокот од пишкотите, а потоа нанесете го и преостанатиот крем како последен слој.

Во средна чинија измешајте ги јагодите, малините и капините, па прелијте со лимоновиот сок. Посипете го преостанатиот шеќер врз овошјето и внимателно измешајте. Распоредете ги бобинките нежно врз последниот слој крем, потоа оставете го десертот во фрижидер да се излади барем еден час пред сервирање, а најдобро преку ноќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Вкусни мафини со јагоди и шлаг

Ништо не оди подобро со попладневно кафе од вкусни мафини со овошје. Со доаѓањето на летот…