Home Вебкафе Тинејџер од Канада го „цапал“ Аудито 246 км/час – еве со какви последици се соочува

Тинејџер од Канада го „цапал“ Аудито 246 км/час – еве со какви последици се соочува

19-годишно момче од Онтарио, Канада, било запрено од канадските полициски служби и уапсено поради тоа што возело автомобил Ауди со брзина од 246 км/час.

Бидејќи драстичното пречекорување на брзината не е толку честа појава во Канада, на момчето му е одредена драконска казна. Тој во полицијата се правдал дека возилото го позајмил од пријател за да го испроба.

Но, тоа не помогнало. Автомобилот му е одземен, остана и без возачка дозвола , а му се заканува и затворска казна од најмногу 10 години.

Со оглед дека не е направена штета при возењето, најверојатно нема да ја добие максималната затворска казна, а автомобилот му е одземен на најмалку една недела. Полицијата не го соопштува идентитетот на момчето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали сте знаеле дека нов почеток на друга локација ја менува личноста побрзо од психотерапија

Нова земја, нова јас – и не, тоа не е само клише: истражувањата покажуваат дека прес…