„The Old Man and The Gun“ ќе биде негов последен филм – Редфорд го напушта актерството


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холивудската легенда Роберт Редфорд изјави дека неговиот следен филм ќе биде и последен во неговата актерска кариера во кој тој ќе се појави како актер.

„The Old Man and The Gun“ е филм базиран на вистинска приказна за 59-годишниот криминалец кој со кајак бега од затвор.

„Никогаш не вели никогаш, но заклучив дека доста ми е што се однесува на глумата. Ќе започнам процес на пензионирање, бидејќи работам од 21 година. Си реков дека тоа е доволно. И зошто да не излезам со нешто што е прилично оптимистично и позитивно“, вели Редфорд за Entertainment Weekly.

Оскаровецот Редфорд пред две години, во едно интервју, изјави дека е уморен од глумата и дека сака повеќе да режира.