Home Шоубизнис Терсене табиет: Трамп го избрка шефот на кабинет – кашлал додека тој зборувал (видео)

Терсене табиет: Трамп го избрка шефот на кабинет – кашлал додека тој зборувал (видео)

Додека претседателот на Соединетите Американски Држав, Доналд Трамп, даваше интервју за телевизиската станица ABC, од позадина во просторијата се слушало кашлање кое во еден момент го извади од такт првиот човек на САД и тој го прекина разговорот.

Американскиот претседател Трамп беше среде објаснување за неговите даночни проблеми кога од позадина во просторијата се слушна кашлање од некој од присутните. Изнервиран од тоа, Трамп веднаш го прекинал разговорот и му наредил на тоа лице веднаш да го напушти Овалниот кабинет.

„Тој кашла среде мојот одговор. Тоа не ми се допаѓа. Ако кашлате, ве молам, напуштете ја просторијата“ – рече претседателот на САД.

Подоцна се откри дека човекот кој кашлал и беше избркан од Овалната соба бил шефот на кабинетот на Трамп, Мик Малвејни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Роб Лоу без двоумење го открива најдобриот филмски бакнеж

Роб Лоу не се плаши да бакне и ентузијастички да раскаже. За време на неговото гостување в…