Home Актуелно Тепачка на мигранти кај Куманово – еден повреден со убод од нож

Тепачка на мигранти кај Куманово – еден повреден со убод од нож

МВР информира дека еден мигрант е повреден со нож во тепачка со други мигранти што се случила на Железничката станица во Куманово.

„На 28.08.2021 година во 20.50 часот во СВР Куманово, од Полициската станица Драчево било пријавено дека биле пронајдени шест лица мигранти на железничка пруга во Драчево.

По извршениот разговор со нив било констатирано дека во близина на Железничката станица во Куманово биле физички нападнати од три лица, исто така, мигранти, при што на едно од лицата му нанеле убодна рана од остар предмет и му одзеле пари. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…