Стравичен пожар уништи 15-катница во Милано (снимки)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


15 ката висока зграда беше уништена од огромен пожар во јужно предградие на Милано, јавуваат италијанските медиуми. На терен се сите итни служби, пожарникарите и брзата помош.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека зградата целосно изгорела.

Првата дојава на пожарникарите им стигнала во 17:36, а зградата набрзо почнала да исчезнува во пламенот.

Големиот облак чад се гледал од оддалеченост од неколку километри. Засега нема информации за жртви.

„Кога дојдовме видовме дека само еден пламен избиваше низ еден прозорец па стигнавме да ги евакуираме луѓето“, кажа припадник на итните служби.

Дали некој останал во зградата во која живееле најмалку 70 семејства, и која пожарот ја голтнал во краток рок, засега не се знае.