Home Актуелно Тензично во Албанија: Со калашников влезе на избирачко место во Драч (ВИДЕО)

Тензично во Албанија: Со калашников влезе на избирачко место во Драч (ВИДЕО)

53-годишен маж со калашников влезе на избирачко место во Драч, со чел да го попречи изборниот процес, пренесува Albeu.com.

Полицијата открива дека станува збор за лицето Рамиз Баканачи, кој се обиде да го оневозможни галасањето на едно од избирачките места во Драч.

Во соопштението од МВР на Албанија стои:

Осомничениот влезе со оружје на избирачкото место, му се заканувал на комисијата, ги искршил гласачките кутии, но беше уапсен од страна на полициските сили.

Полицијата го заплени оружјето марка калашников.

Инаку во Албанија денеска се одржуаат локални избори, кои опозицијата ги бојкотира, а на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на Еди Рама.

https://www.facebook.com/albeucom/videos/379316749608025/

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…