Спорт

Барселона тргнува по дефанзивец на Милан

Барселона е во потрага по лев бек, кој ќе биде алтернатива за Жорди Алба, а шпанските медиуми тврдат дека тој може да пристигне од Милано.

Имено, каталонскиот клуб се насочил кон левиот бек на Милан и швајцарската репрезентација, Рикардо Родригез.

Милан веќе го договори трансферот на Тео Хернандез од Реал Мадрид за 20 милиони евра, па е спремен да го продаде Родригез.

„Росонерите“ за неговата слобода бараат помеѓу 15 и 18 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.

На „Камп Ноу“ сметаат дека Родригез ќе биде одлично засилување бидејќи знае да игра во две фази, има големо искуство, притоа е се уште млад.

Весникот „АС“ тврди дека конткатот помеѓу двата клуба е веќе направен и дека следната недела официјално ќе започнат преговорите.

Advertisements
To Top