Славни

Весли Снајдер снимен како го крши автомобилот на соседот и седи врз него (ВИДЕО)

Весли Снајдер освен по големото фудбалско знаење е познат и по својот проблематичен карактер.

Искусниот Холанѓанец во текот на кариерата играше за некои од најголемите клубови во Европа, вклучувајќи ги Интер и Реал Мадрид, а во последните 18 месеци е член на Ал Гараф.

Снајдер како и поголем дел од фудбалерите во овој момент се на одмор, а според пишувањето на „Телеграф“ 35 годишниот фудбалер оваа недела имал проблем со законот.

Тој бил уапсен во родниот Утетехт бидејќи на соседот му го скршил автомобил. Надзорните камери го снимиле Снајдер како го крши возилото, а потоа седнал на кровот.
Полицијата го привела Снајдер, но тој не останал зад решетки затоа што платил сума од 5382 фунти.

Advertisements
To Top