Актуелно

Темниот облак на Грегзит повторно надвиснат над Грција

Кредиторите на Грција се подготвени за компромисен договор, за да се излезе од ќор-сокакот во која паднал разговорите за вториот преглед на спасувачката програма. Тоа го пренесе грчкото издание Катимерини, повикувајќи се на свои извори.

Идеите ќе му бидат претставени на грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос за време на состанокот во Брисел подоцна денеска.

Според изданието, подготвени се фискални мерки во вредност од околу 2 насто од бруто домашниот производ на земјата.

Барањата на доверителите за дополнителни заштеди и критиките за недостатокот на јасен план за следните чекори на Владата се знак за несигурноста во ситуацијата со грчкиот долг.

Се појавија и шпекулации дека Грција всушност се повикува да ги зголеми даноците во земјата. Овие стравувања беа отфрлени категорично од економскиот министер Димитрис Пападимитриу.

Но, во исто време во Атина не планираат да применат дополнителни заштеди, надвор од веќе потпишаните во текот на летото на 2015 година. Сепак во редовите на СИРИЗА веќе се споменуваат некои компромисни варијанти. Грција може да ги спроведе бараните дополнителни заштеди како дел од конвергетна програма која ќе се активира, ако земјата не ги исполни поставените фискални цели.

Тоа е подобра опција отколку сега да се зголемува несигурноста за Грција. Како резултат од нејасната иднина на преговорите од банките се повлечени 1,5 милијарди евра само во јануари.

Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), исто така не придонесе за намалување на тензиите. Институцијата ги истакна постигнатите реформи, но се очекува уште штедење – намалување на пензиите, како и укинување на даночните олеснувања за одредени групи.

Во исто време Фондот инсистира дека очекуваните од европските кредитори фискални цели се неостварливи, а долгот на Грција има потреба од кастрење, за да биде одржливо управуван.

А тоа доведе и до нови грижи за иднината на спасувачката програма. Голем број на кредитори веќе коментираа дека без ММФ не би учествувале повторно во програма за Грција. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле пак посочи дека за да има простување на долгови, туку Атина треба да ја напушти еврозоната.

Премиерот Алексис Ципрас ја потпиша третата спасувачка програма токму под сериозен притисок од Grexit, особено со оглед на силната поддршка на Грците кон еврото. Денес, меѓутоа голем дел од луѓето во земјата се прашуваат дали заминувањето на монетарната унија ќе биде полошо од ситуацијата во која се наоѓаат во моментов, пишуваат уште грчките медиуми.

Advertisements
To Top