ОЈО со истрага за донаторите на СДСМ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Телевизија Телма објави дека Јавното обвинтелство започнало постапка и ги истражуваа донациите на СДСМ на последните избори. Оваа информација ја потврдиле високи партиски фунцкионери на СДСМ.

Биле проверувани транспортери, печатници и донатори на партијата, а првите истаржни чекори обвинителството ги направило на почетокот на февруари.

Телма контактирала претставници на Обвинителството за организиран криминал и корупција, но оттаму не добиле никакви информации за постапката.

Не е познато дали обивнителство ја започнало постапката по пријава или по допрен глас. Биле проверувани дури и електроснките уплати на некои од донаторите, а досега не бил повикан на распит никој од високите функционери на СДСМ.

Оваа истрага доаѓа по истрагата на СЈО за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ, која е отпочната по преслушување на нелегално снимените разговори кои не беа објавени како бомби, а на кои според извори на Телма, се слушало договарање како да се организира уплата на донации за партиската сметка во 2014.