Home Актуелно Технолошкиот конгломерат Панасоник воведува четиридневна работна недела

Технолошкиот конгломерат Панасоник воведува четиридневна работна недела

Технолошкиот гигант Панасоник е најновата голема јапонска компанија која воведува четиридневна работна недела за заинтересираните вработени, јавија јапонски медиуми.

– Мораме да ја поддржиме благосостојбата на нашите вработени, нагласи извршниот директор на Панасоник, Јуки Кусуми на брифинг со инвеститори.

Во обид да се подобри рамнотежата меѓу работата и животот во земјата, јапонската Влада минатиот јуни препорача компаниите да им дозволат на вработените да се одлучат за четиридневна работна недела.

Веќе неколку големи јапонски компании воведоа четиридневна работна недела.

Многу компании за иновации се обидуваат да привлечат добри работници преку предлози за повеќе викенди. Ова го решава прашањето за ограничен персонал.

Пратениците во Јапонија дискутираат за опцијата за дополнителен слободен ден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…