Тажен ден во Италија: Црн рекорд од 969 починати во последните 24 часа од коронавирус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најновите официјални статистички податоци поврзани со заразени и жртви на короанвирусот покажуваат дека досега во целиот свет се регистрирани вкупно 600.859 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 27.417, а оздравеле 133.426 лица.

Во Италија од новиот коронавирус починаа 9.134 лу]е, а во последните 24 часа нивниoт број изнесува 969, а регистрирани се 5.909 нови случаи. Тоа е најголема цифра на смртни случаи во еден ден.

Во САД досега се забележани над 100.000 инфицирани лица со Ковид-19, а само во последните 24 часа потврдени се 14.602 случаи и покрај тоа што сите американски сојузни држави се уште немаат пријавено нови случаи. Досега починале 1.536 луѓе од кои 241 во последните 24 часа.

Индија регистрира најголем раст на новозаболени од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус. Во последните 24 часа 149 лица биле позитивни на Ковид-19. Вкупно во Индија се регистрирани 873 пациенти, од кои 19 починаа.