МВР од понеделник личните карти ќе ги доставува на домашна адреса


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од следниот понеделник, 30 март, Министерството за внатрешни работи планира да го измени Правилникот за лични документи.

Новите лични карти и возачки дозволи ќе се испорачуваат на домашна адреса, за да се избегне доаѓање на граѓаните во подрачните одделенија на МВР. Оваа постапка не е можна кога се во прашање пасошите, објасни министерот Наќе Чулев.

На прашање од ТВ Телма за здравствената сигурност на граѓаните и на вработените во управните служби при аплицирањето за нови документи, министерот Чулев најави дека се издадени насоки по секое оставање отпечаток, да се дезинфицира уредот како и целата просторија. Истовремено апелира да се запазува пропишаното растојание меѓу граѓаните како и меѓу вработените.

Министерот Чулев најави дека наскоро е можно Владата да донесе одлука сопствениците на домашни миленици да може да ги изнесуваат надвор од дома но во близина на зградите во коишто живеат и за време на полицискиот час. Во Владата се разговара за ова прашање, со оглед на бројните реакции од сопствениците на домашни кучиња, чии редовни вечерни прошетки се неможни за време на забраната за движење.