Татко на 79 години – честито седмо дете на Роберт де Ниро


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Холивудската актерска легенда Роберт де Ниро на 79-годишна возраст стана татко по седми пат.

„Само што го добив седмото дете“ му рекол де Ниро вчера на новинарот на „ЕТ Канада“ кој го најавил како татко на шест деца.

Денеска портпаролот на актерот ја потврдил веста дека де Ниро станал татко по седми пат.

Името и полот на бебето не се познати.

Не е потврдено ниту која е мајката. Се претпоставува дека се работи за неговата девојка Тифани Чен (64) која минатиот месец била фотографирана со труднички стомак.

Славниот актер првпат стана татко во 1971 година, кога тој и неговата тогашна сопруга Дијана Абот ја добија ќерката Дрена, која денес има 51 година. Поранешниот пар го има заедно и синот Рафаел (46).

Покрај тоа, де Ниро ги има близнаците Арон и Џулијан (27) со поранешната девојка Туки Смит, како и синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.