Облачна и посвежа среда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, среда, 10. мај, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, а дневната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени. Маврово 10, Охрид 14, Битола и Крива Паланка 13, Берово 11, Кавадарци 15, Дојран 16.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат од 10 до 18 степени.