Без прелети на борбени авиони и со само еден стар тенк – воена парада во Москва за Денот на победата над фашизмот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот претседател Владимир Путин порача дека иднината на Русија зависи од војниците кои се борат во Украина, додека воената парада на Црвениот плоштад во Москва по повод Денот на победата над фашизмот оваа година беше значително намалена.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу претходно најави дека на парадата се очекуваат над 10.000 луѓе и 125 парчиња различни оружја, но колоната механизирани возила ја предводеше само еден тенк „Т-34“ од Втората светска војна, пренесува СакамДаКажам.

Парадата во која учествуваа 3.000 војници помалку од ланските 11.000 траеше пократко и немаше модерни тенкови и прелети на борбени авиони, за што не беше дадено објаснување. Меѓу изложените оклопни возила беа „тигр-М“ и „ВПК-урал“, но главниот фокус беше на рускиот противвоздушен систем „С-400“ и неговиот интерконтинентален балистички систем „јарис“.

Затоа, пак, за првпат од 2020 се појавија неколкумина странски лидери, сите од бившите советски републики.

Говорот на Путин, чии сили се борат на фронт долг 1.000 километри, беше сличен на ланскиот, при што ја спореди борбата против „криминалниот режим“ на Украина со поразот на нацистичка Германија и го обвини западот дека сака да ја уништи Русија.