Home Актуелно Татјана Михајлова избрана за в.д. претседател на Основен суд Скопје 1

Татјана Михајлова избрана за в.д. претседател на Основен суд Скопје 1

Судијката, Татјана Михајлова која треба да го води предметот што го покрена Специјалното јавно обвинителство против поранешниот премиер, Никола Груевски, е избрана в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, а судијката Снежана Бајлозова за в.д претседател на Врховниот суд.

Ваква одлука донесе Судскиот совет на денешната седница којашто беше одржана за избор на привремени претседатели на најзначајните судови.

Бајлозова беше избрана летово за судија во Врховниот суд, а претходно судеше предмети во Апелациониот суд во Скопје. Таа е и еден од кандидатите за избор на редовен претседател во највискиот суд, Врховен суд, заедно со актуелната претседателка, Лидија Неделкова, поранешниот претседател, Јово Вангеловски и Беса Адеми.

За претседател на Кривичниот суд кандидирани се актуелниот претседател, Владимир Панчевски, Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ. Кандидатите за избор на редовен претседател се на вонредно оценување, а според препораките на Антикорупциска, нивниот избор ќе биде извршен по Парламентарните избори.

Мандатот на Панчевски и Неделкова им заврши во недела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…