Home Вебкафе Тамара и амбасадата на САД се извинија за грешката при изведбата на македонската химна

Тамара и амбасадата на САД се извинија за грешката при изведбата на македонската химна

Откако на синоќешниот прием и пригодна забава по повод „4 Јули“, денот на независноста на САД, во американската амбасада во Скопје, Тамара Тодевска направи капитален пропуст и грешка при изведбата на македонската химна пропуштајќи ја строфата во која се споменуваат македонските револуционери, стигна извинување од страна на пејачката.

Тамара се извини на македонските граѓани преку социјалната мрежа Фејсбук за пропустот при изведувањето на химната на вчерашната прослава за „4 Јули“ во американската амбасада. На синоќешната прослава на националниот празник 4 Јули, Денот на независноста на САД, беше изведена и македонската химна, но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

На социјалните мрежи во врска со оваа грешка се огласи и американската амбасада во Скопје.

„Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…