Талибанците ја поздравија финансиската помош од меѓународната заедница – ги повикаа и САД финансиски да им помогнат


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Талибанците ја поздравија финансиската помош во висина од 1,2 милијарди долари ветена од меѓународната заедница и ги повикаа САД да бидат повеликодушни, пренесува АП.

„Благодариме и ја поздравуваме посветеноста на меѓународната заедница од околу 1 милијарда американски долари помош и ги повикуваме да продолжат да даваат помош за Авганистан“, рече Амир Кан Мутаки, министер за надворешни работи во новата авганистанска влада.

„Америка е голема земја, треба да покаже дарежливост“, додаде тој на прес -конференција.

Соединетите држави во понеделникот ветија околу 64 милиони долари за иницијативата на Обединетите нации за хуманитарните организации кои работат во Авганистан. Вашингтон потроши 2 трилиони долари во 20-годишната војна во Авганистан.

„Исламскиот емират”, името што Талибанците му го дадоа на Авганистан, „им помогна на САД да им ја олеснат евакуацијата. Наместо благодарност, тие зборуваат за санкции против нашиот народ”, коментира Мутаки, мислејќи на повеќе од 123.000 луѓе евакуирани од воздушен мост од Авганистан кон крајот на август.

Авганистан е на работ на колапс и глад од доаѓањето на талибанците, но и од временските непогоди, како и бегството на населението. Обединетите нации во понеделникот објавија дека донаторските држави се обврзале да платат 1,2 милијарди долари помош за Авганистан, но не прецизираа колку ќе бидат наменети за итна помош.

„Исламскиот емират ќе стори сé за најтранспарентно да им ја обезбеди оваа помош на оние на кои им е најпотребна“, вети новиот шеф на авганистанската дипломатија.