Home Актуелно Талат Џафери потврди: Љубомир Фрчкоски е предложен за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк

Талат Џафери потврди: Љубомир Фрчкоски е предложен за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк

Претседателот на македонското собрание, Талат Џафери, потврди дека професорот од Правниот факултет Љубомир Фрчкоски е предложен од Министерството за надворешни работи да биде амбасадор во македонската мисија во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Пред да замине за Њујорк, Фрчкоски треба да ги презентира своите тези пред собраниската Комисија за надворешни работи.

„До мене се доставени материјалите од Министерството за надворешни работи и истите веднаш се доставени до претседателот на Комисијaта за надворешни работи. Седницата сè уште не е свикана, во моментот кога ќе се свика и ќе се презентираат тезите ќе се исполнат предусловите и формално да отпатува и овој амбасадор. Не е тајна, кандидат за амбасадор во Обединетите нации е професорот Љубомир Фрчкоски. Ова е јавно прашање и нема зошто да се држи во тајност“, изјави денеска Џафери, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Собранието.

Фрчкоски беше министер за внатрешни и за надворешни работи во 90-тите години во владите на Бранко Црвенковски. Беше и претседателски кандидат на СДСМ на изборите во 2009 година, кога Ѓорге Иванов го доби првиот мандат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…