Бојан Јовановски – Боки 13, во судницата од Кривичниот суд во Скопје денес смирено ја ислуша судијката Васка Николовска Масевска додека таа ја соопштуваше пресудата за случајот „Рекет“, со која Боки 13 е осуден на 9 години затвор, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, на 7 години затвор. Откако обвинителката Вилма Русковска побара притвор за двајцата осудени, Јовановски побара збор. …