Ѓоковиќ во Задар на изнајмена јахта од 50.000 евра неделно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светскиот тениски рекет број еден, 33-годишниот Новак Ѓоковиќ, заедно со неговото семејство, сопругата Јелена, 5-годишниот син Стефан и 2-годишната ќеркичка Тара, со авион пристигнаа во Задар.

Тие потоа се упатија кон луксузната јахта ,,Аша”, закотвена марината Задар каде ручаше на горната палуба, играше со децата и често одговараше на мобилен телефон, пренесдуваат хрватските медиуми.

За едрење покрај далматинскиот брег, Ѓоковиќ ја има на располагање супер луксузната јахта долга 28 метри, која има две платформи. Може да смести девет гости во четири соби раскошно украсени со тапациран мебел и темно дрво, има џакузи, и многу други погодности . Неделно изнајмување на јахтата во текот на летната сезона чини околу 50.000 евра.

Додека Ѓоковиќ уживаше во ручекот околу 16 часот, на јахтата пристигна германскиот тенисер Александар Зверев и неговата девојка Бренда Пате.

Целата марина е под голем полициски надзор, од копно и од море.

Горан Ѓоковиќ, чичко на Новак, веќе е во Задар, а како што дознаваат хрватските медиуми, се очекува и доаѓањето на родителите на Ѓоковиќ, мајката Дијана, Хрватка од Винковци и таткото Срѓан, кој е со црногорско потекло.