Диџеј Ицко од „Антена 5“ почина како последица на КОВИД-19


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде!


Синоќа, во Скопје, како последица од коронавирусот, почина Ристо Мелоски (48), попознат како диџеј Ицко од „Антена 5“ радио. Тој бил заразен со КОВИД-19, а починал синоќа на Инфективната клиника во Скопје.

Тој подолго време боледувал од Ковид-19. Негови блиски велат дека немал никакви дополнителни здравствени проблеми. Секоја година бил дел од Скопскиот маратон и трчал и до 20 километри, а бил дел и од мото клубот “Нокни волци“.  Бил хоспитализиран на трети јуни бидејќи имал висока температура, но никој не се надевал дека ова ќе се случи. Потоа стасале добри вести, дека е подобар, но дека место да оздрави, тој синојка ја загуби битката, велат негови колеги.

Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија е над 15 години.  Прогресивната музика е основен елемент на неговите миксови во комбинација со електро и вокални елементи кои прават интересна фузија и вистинско задоволство на „хаус“ музика.

Беше семен човек,  сопруг и татко на две деца.