Во организација на дискографската куќа „ПМГ џез“, утревечер, со почеток во 19.45 часот, почнува џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“. Во рамките на двете фестивалски вечери на 23 и 24 јули, во паркот зад Младинскиот културен центар, под отворено небо ќе настапат 7 македонски џез-состави. На првата фестивалска вечер настапуваат: скопскиот џез-музичар Филип Букршлиев, кој ќе отсвири композиции од својот соло гитарски …